Училишни секции

ДЕН НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

Нашите ученици беа дел од богатата програма за одбележување на Денот на германскиот јазик.

На 2 јуни во Градскиот парк, со започнување од 12 часот, на Школката се одржа голем културен настан „Ден на германскиот јазик“. Со најразновидна сценска програма изведена од повеќе основни и средни училишта, како и факултети, присутните се забавуваа целиот ден.

Имаше многу забава, информации, подароци и одлична музика во живо.

Нашите ученици учествуваа со неколку ритмички точки, драматизација и пеење неколку германски песни.

Манифестацијата се заврши со концерт на дуото Uwe Kaa од Пасау од 18 часот, кое ќе ги претстави своите актуелни хитови.




Одговорен наставник: Симона Мирчевска