Кодекс на однесување

Кодекс на однесување



ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ МЕРКИ

Пофалби и награди

Со пофалбите и наградите се стимулира развој на позитивните особини кај учениците, се јакне самодовербата во сопствените можности и се дава признание за постигнатите успеси во воспитно-образовната дејност. Пофалби и награди се доделуваат на ученик, група ученици, ученичка секција, екипа и паралелка во текот и на крајот на учебната година. Писмените пофалби се даваат во вид на дипломи, пофалби и признанија.

Укори и казни

Педагошките мерки во основното училиштето се применуваат кон учениците кои ги прекршуваат правилата на ученичкиот живот, а со цел да се постигне чувство на одговорност и спречување на негативни појави. Педагошките мерки се применуваат индивидуално и се темелат на објективност, праведност и на педагошка одговорност. Пред изрекување на педагошка мерка следи разговор со ученикот и родителот - старател. Разговорот може да го води одделенскиот раководител, одделенскиот наставник, предметниот наставник, стручните соработници, а по потреба и Директорот.

Педагошки мерки се:

1. Укор (неодобрување на постапката)
2. Усна опомена
3. Писмена опомена
4. Намалување на поведението
5. Преместување на ученикот во друга паралелка
6. Преместување на ученикот во друго училиште

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

- Редовно ќе ја одржуваат личната хигиена.
- Редовно ќе ја одржуваат хигиената во училиштето.
- Ќе го чуваат училишниот мебел, не уништувајќи ги ѕидовите и не пишувајќи по нив.
- Отпадоците ќе ги фрлаат во корпа која е наменета за тоа.
- Кога се дежурни, ќе ја подготват таблата, сунѓерот и кредите.
- Ќе ја проветруваат училницата за време на одморите.
- Ќе ја разубавуваат училницата со слики и цвеќе.
- Ќе бидат искрени и добри другари, ќе им помагаат на другите секогаш кога ќе бидат во можност.
- Времето кое ќе го минуваат во училиштето ќе биде исполнето со многу нови сознанија и убаво другарување.
- Своите мислења и предлози со кои заеднички ќе го подобриме престојот во училиштето ќе ги доставуваат во сандачето наменето за тоа.
- Учениците се должни да ги одржуваат редот и мирот во училиштето (во ходниците, училниците и во училишниот двор).
- Во училиште да доаѓаат редовно и навреме.
- Да не изостануваат од настава освен од оправдани причини.
- Изостаноците треба да се оправдаат од родител или со медицинска белешка.
- Учениците ќе ги почитуваат и поздравуваат наставниците и возрасните.
- Ќе бидат внимателн и активни на часовите.
- Редовно ќе ги извршуваат училишните обврски.
- Ќе бараат да бидат јавно оценувани и секогаш да ги знаат резултатите од својот труд.
- Активно ќе учествуваат во слободни ученички активности (секциите) каде ќе ги задоволат сопствените желби и интереси.
- Ќе бидат вредни, а нивниот труд ќе биде награден.

КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО

1. Учениците се должни да дојдат во училиште најдоцна 15 минути пред почетокот на наставата.

2. Наставата се одвива од: 8.00 - 15.10 часот, за учениците од I-V одд. и од 8.00 - 13.25 часот, за ученици од VI-IX одд.

3. За учениците од целодневната настава, училиштето организира нивно згрижување во продолжен престој, со дежурен наставник, во периодот од 16.00 – 17.00 часот.

4. Помеѓу третиот и четвртиот час учениците имаат голем одмор, кој се користи за ужина и релаксација, а се одвива во училишниот двор и игралиштето. Доколку временските услови се неповолни, учениците остануваат во училиштето, почитувајќи го редот и мирот во истото.

5. За време на одморот во училиштето има дежурни наставници кои се грижат за почитувањето на редот и мирот, како и безбедноста на учениците.

6. Во училиштето постои дневно обезбедување кое се грижи за почитување на редот и мирот, како и безбедноста на учениците

НАСТАВНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ПРИДРЖУВААТ

- Учениците се должни да ги одржуваат редот и мирот во училиштето (во ходниците, училниците и во училишниот двор).
- Во училиште да доаѓаат редовно и навреме.
- Да не изостануваат од настава освен од оправдани причини.
- Изостаноците треба да се оправдаат од родител или со медицинска белешка.
- Учениците ќе ги почитуваат и поздравуваат наставниците и возрасните.
- Ќе бидат внимателн и активни на часовите.
- Редовно ќе ги извршуваат училишните обврски.
- Ќе бараат да бидат јавно оценувани и секогаш да ги знаат резултатите од својот труд.
- Активно ќе учествуваат во слободни ученички активности (секциите) каде ќе ги задоволат сопствените желби и интереси.
- Ќе бидат вредни, а нивниот труд ќе биде награден.

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

- Наставниците меѓусебе да се почитуваат (културно да се отпоздравуваат, да се воздржуваат од негативни коментари за колегите и другите вработени во училиштето).
- Наставниците да се воздржуваат од негативни коментари за колегите пред учениците и родителите.
- Недоразбирањата помеѓу колегите да се разрешуваат на конструктивен начин во просторни услови кои тоа го дозволуваат (не пред учениците, другите вработени и родителите).
- Стручните разговори и консултации, со стручните соработници, наставниците да ги реализираат во нивните службени простории со однапред договорен термин за состанок.
- Наставниците да не ги користат мобилните телефони во училиштето за фотографирање и сликање дискриминирачки материјал.
- Наставниците да бидат во училницата 5 минути пред почетокот на часот.
- За време на наставниот час, колегите да избегнуваат влегување во други училници заради добивање информации или други потреби. Потребите да ги задоволуваат пред и по наставата.
- Отсуствата од работа, наставниците да ги најавуваат во писмена форма, кај Директорот, еден ден пред изостанувањето од работа.
- Организацијата на замените за отсустните наставници ќе ги реализира Педагогот, во соработка со наставниците.
- Одделенските и предметните наставници се задолжуваат потешкотиите во паралелката да ги подобруваат преку соработката со родителите, учениците и стручните соработници, а по следниот редослед:
1. Разговор со ученикот и родителот во присуство на одделенскиот наставник.
2. Разговор со ученикот и родителот во присуство на одделенскиот наставник и на стручните соработници.
3. Комуникацијата на наставниците со родителите и учениците да се одвива во конструктивна насока на професионално однесување (без навреди, исмејување и омаловажување)

РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ СЕ ПРИДРЖУВААТ

- Да го почитуваат времето на престојот на учениците во Училиштето.
- Да го почитуваат Куќниот ред на училиштето.
- Потешкотиите во паралелката да ги подобруваат преку соработката со наставниците, одделенските раководители, учениците и стручните соработници, а по следниот редослед:
1. Разговор со ученикот и со родителот во присуство на одделенскиот наставник и стручните соработници.
2. Разговор со ученикот и родителот во присуство на одделенскиот наставник и на стручните соработници.
- Комуникацијата со наставниците да се одвива во конструктивна насока, со професионално однесување и со меѓусебно почитување.
- Да го подржуваат учењето на своите деца преку залагање за фер оценување.
- Да се воздржат од активности кои неоправдано би ги довеле нивните деца во повластена положба во оценувањето во однос на другите деца.
- Да ги почитуваат професионалните одлуки и совети на наставниците во врска со оценувањето на нивните деца.
- Кај своите деца - ученици да поттикнуваат чесен и фер однос, а со своето однесување во врска со оценувањето на постигањата на учениците, да им бидат пример за тоа.
- Да ги препознаваат кај своите деца и да ги спречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добијат поповолна оцена од објективно утврдената.