Eurochild Competition 2014
Инспирирани од минатогодишните позитивни искуства, учениците од ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци“ и оваа година со свои творби земаа учество на Европскиот детски фестивал на поезијата„ Eurochild.“
Победничките творби на овој фестивал ќе бидат публикувани во„Антологиската збирка на европски детски песни“ во јуни 2014г.
Позитивните искуства на нашите ученици-учесници на минатогодишните манифестации,се пофалниците и признанијата што им беа доделени на неколку ученици, а песната„Нешто за среќата“ на ученичката Теодора Трпоска од VIII одд., најде свое достојно место во Антологиската збирка и во Шекспировата книга на поезија.
Децата се креативци и творат неуморно.
Инспирирани од најразлични теми, творат слободно и оригинално, како со волшебно стапче создаваат творби за кои се надеваме дека и оваа година ќе најдат свое место во европски рамки во признатиот детски фестивал на поезијата „Eurochild“
Teodora Trposka - Never give up
Јана Бунгурова - Го сакам мојот град
Марија Додовска - Ода за мирот