Училишни секции

Библиотекарската секција во посета на градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје

На 28.04.2015г, членовите на библиотекарската секција од ООУ„Ј.Х.Песталоци“ во придружба на предметните наставници по македонски јазик:Снежана Велкова,Ана Георгиева и библиотекарката Марга, беа во посета на градската библотека„Браќа Миладиновци“ во Скопје. Цел на посетата беше да ја разгледаат библиотеката, нејзините простпории како и капацитетот на книги со кои располага.

Многу од членовите, се и редовни читатели во библиотеката,а ученичката Ленче Владимирова од IX 3 одд, е прогласена за најредовен читател и читател со најголем број прочитани книги од училиштата на ниво на општина Центар.

Во долните простории,членовите на секцијата разгледаа повеќе книги од домашни и странски автори,како и задолжителните и изборните лектири за основно образобвание.

Во горните простории, се запознаа со дела од класиците на светската книжевност, како и со дела кои ќе им бидат задолжителна лектира во средно образование. Секој член од секцијата максимално го искористи своето време во онаа сфера од книжевноста која го интересира

Секако тука беа редовно вработените библиотекарки и стручниот соработник од библиотеката кој беше водич и ги запознаваше членовите со сè она што ги интересираше. Посебно внимание кај членовите предизвика разгледувањетро на спомен-собата на браќата Миладиновци.

Во просторијата на спомен-собата, членовите имаа можност да се запознаат со сите изложени артефакти за најголемите преродбеници, браќата Миладиновци.Го разгледаа „Зборникот“ на народни умотворби, објавен во далечната 1861 год во Загреб. Го дознаа и податокот дека по првото објавување во 1861г, „Зборникот“ бил заборавен во една софиска библиотека. Повторно светлината на денот ќе ја доживее со помош на нашиот истакнат поет и револуционер, Коле Неделковски, кој го нашол во рафтовите на софиската библиотека во 1939 г.и го проширил меѓу илегалните литературни кружоци во Бугарија. Имаа можност да се запознаат со факсимилот на првата уметничка песна од времето на преродбата „Т' га за југ“, чиј автор е помладиот брат, Константин Миладинов. Стручниот соработник од библиотеката, заедно со наставниците по македонски јазик:Снежана Велкова и Ана Георгиева ,интерактивно со учениците одржаа краток наставен час во кој ги запознаа членовите со сите поважни библиографски податоци за животот и делото на основоположниците на македонската преродба.

Задоволни од посетата и информациите со кои се стекнаа, членовите на библиотекарската секција ја напуштија библиотеката. Но, нивната активност не завршува тука, следна дестинација е посета на Саемот на книгата.