Училишни секции

Учество на XVIII Општински натпревар на Млади библиотекари

На ден 06.10.2017г. во Скопје при Градската библиотека„Браќа Миладиновци“, се одржа XVIII Општински натпревар во познавање од библиотекарството.И на овогодинешниот натпревар учество земаа ученичките од VIII 3 одд: Миа Лазиќ и Ива Спасиќ.

Од пријавени 40 кандидати тие се рангираа на 16 и 17 место, што е поголем успех од ланскиот.За своето учество добија соодветни благодарници. Се надеваме дека желбата да истразуваат во библиотекарството нема да ги напушти и дека во иднина ќе постигнат уште поголеми резултати.