Училишни секции

Матемтичката секција во нашето училиште

Во нашето учлиште активно работи математичката секција под водство на Тимот на наставници-ментори Биљана Чешларова и Даниела Нацев. Традиција во ова училиште е да се негува љубота кон математиката. Бројот на вљубениците во математиката од ден на ден расте, а признанијата и наградите се дополнителна мотивација за нив. И кога искрено ќе се посветите на оваа област и кога кај свое ученици ќе успеете да ја разбудите љубовта кон математиката тогаш нижењето на успесите е неминовно. Наградите се само потврда за вложениот труд и квалитетот во ова училиште. Сите награди се подеднакво значајни за нас, но во оваа прилика би ги издвоиле последните од Регионалениот натпревар за учениците од основното образование одржан на 28.03.2015год.:

Прва награда
Елена Карчицка
Виктор Василев
Теа Стефановска

Втора награда
Филип Гавриловски
Ева Караева

Трета награда
Александар Радуловски
Лука Наумовски
Јана Павлеска

Пофалница
Огнен Петровиќ
Борис Фенев
Јован Крстиќ
Јана Зрмановска

Според постигнатите резултати дел од нив се стекнаа со право да учествуваат на Државниот натпревар по математика.

Работата на математичката секција не е насочена само кон натпреварите, туку и кон градење на позитивен однос и љубов кон овој предмет преку многубројни работилници, трибини, проекти.

Од проектите би ги издвоиле : „Математиката е уметност, уметноста е математика“, како и проектот „Штеди значи размислувај математички“.

Математичката секција пред се има за цел да создаде здрава средина за ученицте, за таа цел создаде креативно математичко катче во кое учениците реализираа голем рој на работилници на различни теми:
-Оптичка математичка илузија
-Игри со ножици
-Игри со вага
-Ван Де Вале матрици
-Осна симетрија и др.