Информации за запишување на првачиња


И З В Е С Т У В А Њ Е

За запишување на учениците во прво одделение

Врз основа на член 46 од Законот за основно образование:

(1) Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година (2018/2019)

(2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.

(3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.

Член 47

(1) Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни 6 години.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни 6 години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

(3) Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ:

- Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.

- Фотокопија од извод на матична книга на родените (за идентификација на ученикот, која му се враќа на родител/старател)

- Потврда од систематски преглед на оралната празнина од стоматолог, издадена од стоматолошката амбуланта која работи во рамките на Училиштето. ( Врз основа на известување од МОН под бр. 11-119 3/2 од 26.03.2012 год. и Општина Центар- Скопје, заведено под бр. 08-2720/1 од 28.03.2012 година)

Родителите се обврзани да ги достават потребните документи за запишување на децата во прво одделение на денот на уписот.

СО УЧЕНИЦИТЕ, КОИ СЕ ЗАПИШУВААТ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СЕ ВОДАТ РАЗГОВОРИ КАКО И СО НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ.

Информации за работата на училиштето: www.pestaloci.com

Уписот ќе започне на 02.05.2018 година

Лица за контакт: Стручни соработници (психолог, педагог)

ДИРЕКТОР
Мирјана Велкоска

25.04.2018 година


СООПШТЕНИЕ

за родителите и учениците за почетокот на учебната 2017-2018 година и приемот на учениците во прво одделение


Учебната година ќе започне на 4.IX 2017 година (понеделник).

Учениците од II – IX одделение ќе започнат со настава во 8.00 часот.


Учениците од I одделение заедно со нивните родители ќе го започнат училишниот ден во 9.00 часот во свечената сала.

По повод приемот на учениците во прво одделение присутните ќе имаат можност да следат програма и да уживаат.
Родителите на учениците од прво одделение ќе може да се информираат во која паралелка е распределено нивното дете преку списоците кои ќе бидат истакнати во холот на училиштето од главниот влез на ден 04.09.2017 година.


ДИРЕКТОР
Мирјана Велкоска

31.08.2017 година


Драги родители,

Првачињата стануваат ученици во училиштата. Мило ни е што ќе учествуваме во наредните години во нивното воспитување и образование, а со тоа и во развојот на нивните особини.

Почетокот на школувањето за детето е еден од важните периоди во неговиот живот. Од сега од ден во ден пред него ќе се поставуваат се поголеми задачи. Тоа ќе запознае многу личности-врсници и возрасни и многу бргу ќе ги проширува знаењата за светот околу него и за самиот себе.

Во училиштето ќе пронајде многу ситуации за проверка на своите способности и нивно развивање. Нашата заедничка обврска е да му помогнеме на севкупен развој, создавање позитивна слика за себе, изградба на доверба во себеси и своите можности, како и доверба во луѓето.

Со почетокот на учебната година проверете дали обезбедивте некои предуслови кои ќе му овозможат на детето подобро да се снајде во училиштето:

• колку е самостојно да се грижи за своето катче во домот
• дали има навика за правилен ритам во денот – секој ден да легнува и станува во исто време и спие до 10 часа ноќе,
• дали го поттикнавте да другарува со други деца,
• дали правилно го држи телото, особено кога ја носи училишната чанта,
• дали редовно одржува самостојно лична хигиена,
• кога поставува многу прашања, дали со трпение одговарате на истите со што постојано кај него поттикнувавте интерес за нови сознанија.

Првиот училиштен ден обезбедете доволно слободно време за да бидете со своето дете и помогнете му тоа да се снајде во новата средина, но и со него поделете ја радоста и гордоста заради поаѓањето во училиште.

Со соработката на семејниот дом и училиштето ќе постигнеме добри резултати во воспитувањето и образованието на секое дете прваче, ќе ја оствариме целта да имаме среќно дете и добар ученик кој ќе стане нашата гордост.

Срдечен поздрав!

Педагог на ОУ„Ј.ХПесталоци“

Виолета Крстевска-Васиќ

Денеска е посебен ден, како за првачињата и нивните родители, така и за нас, просветните работници, кои со нетрпение ја очекуваме средбaта. Ние сме подготвени да ја оствариме целта да имаме среќно дете и добар ученик кој ќе стане нашата гордост. Првачиња добро дојдовте во ОOУ “Ј.Х. Песталоци” ... !!!