Стручни соработници

Дали знаете како подобро да учите




Секој ученик во текот на времето го развива својот стил на учење. За овој процес да трае што е можно пократко и да биде што е можно поефикасен, постојат неколку клучни фактори. Со текот на времето, секој ученик развива свој стил на учење, а во тоа влијаат многу фактори на учење и кои можат да им го олеснат учењето.

Работно опкружување
Задржете го своето место за учење кое ќе биде организирано според вашите навики и потреби и местото каде што ќе ги чувате вашите книги и тетратките. Тоа нека биде место кое ќе биде тивко и каде што нема да ве вознемируваат други звуци или луѓе. Со оглед на тоа дека и целосната тишина може да ви оди на нерви, идеално би било во позадина да пуштите тивка музика која ќе ги неутрализира сите други звуци кои претставуваат пречка. Исто така, додека учите не е лошо да ги исклучите звуците на мобилниот телефон за да не ви го одвлекува вниманието.

Направете план
На почетокот на полугодието направете план за писмените работи, контролните задачи и тестовите, распрашајте се како наставниците вршат проверка на стекнатите знаења и на тоа приспособете го учењето. Учете колку што е можно повеќе на исто место, а во време на интензивните проверки на знаењата, бидете физички активни и прошетајте. Поделете го материјалот на помали целини, правете белешки, а ако не разберете нешто - прашајте некого. Исто така, ако е можно, не учете ноќта пред тестот (контролната, писмената и проверките на знаењата) и подобро е да се наспиете.

Учете активно
Додека учите, потрудете се да го разберете материјалот и поврзувајте го со она знаење кое веќе го имате и обидете се помалку да учите на памет. Учењето „на памет” е потешко, а подоцна материјалот ќе го заборавите и ќе мора повторно да го учите ако ви биде потребно. За да учите активно, додека учите читајте полугласно и повторувајте мали целини. Продолжете понатаму со учењето само кога ќе ги научите претходните целини. Важните делови на текстот подвлечете ги со маркер – а деловите поминете ги при повторувањето. Ако делот од материјалот при повторувањето не ви е познат, препрочитјте сè.

Како да се мотивирате?
Секогаш е лесно да се направи план на учењето, но тој често може да не се оствари кога треба да се премине на работа. За да ја избегнете можноста планот на учењето да не успее, мотивирајте се.

Кога ќе научите еден дел од материјалот, радувајте се, наградете се и „прославете“ го тоа со пријателите. Бидете упорни и не се откажувајте. Ако материјалот ви е непривлечен, пронајдете во него некои занимливости и со нив мотивирајте се за понатамошно учење.

Ако едноставно не можете да се фокусирате на учењето, одморете се и направете нешто друго, јавете се на некој пријател или пријателка. Но, тоа да не трае предолго за да можете да се вратите на учењето. Мотивацијата може да го намали неуспехот. Во такви ситуации, помошта и поддршката, побарајте ја кај пријателите или семејството.

Што не треба да правите додека учите
Кога следат писмените и усмените проверки на знаењата, распоредете го времето соодветно. Не потпирајте се на вашите соученици дека учат сосема малку и не се водете со тоа кој колку од нив одвоил време за учење. Направете план во согласност со вашите потреби. Не брзајте низ материјалот, туку активно повторувајте. Не се откажувајте од учењето доколку наидете на еден дел од материјалот кој не го разбирате и не го прекинувајте учењето заради забава или други активности.

Како да се учи
Кога се учи математика, физика, хемија и други наставни предмети, неопходно е да се разбере материјалот и да се вежбаат задачите. Улогата на родителот е на детето да му го објасни материјалот ако детето не го разбира, да му помогне да ги забележи своите сопствени грешки и самото дете да ги поправа. При учењето на таквите предмети помага пишување формули на посебна хартија или во тетратката.

За да се избегне „генерациската разлика“ во родителското објаснување на материјалот, не е лошо родителите да се консултираат со наставникот на детето, да ја проучат книгата од која учи детето или неговата тетратка.

Кога материјалот е пообемен, потребно е да се обележат најважните делови од текстот и резимето од текстот во потточки кои подоцна би биле користени за повторување на материјалот. Кај покомплексниот материјал може да се црта „ментална мапа“, а тоа значи главните поими да се поврзуваат со линии на кои се објаснети односите меѓу поимите. При учењето на содржините од историја, корисно е да се создаде „лента на времето“ (времеплов), каде ќе се бележат настаните и ликовите според периодите кога се случувале. За учење содржини по географија, корисно е редовно да се користат мапи со претставени територии, земји и сл. ( често ги има во учебници ).

По учењето добро е научените лекции да се прераскажат на глас.