Стручни соработници

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ

„ПРЕВЕНЦИЈА НА НАСИЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ“

ВО ООУ „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ – СКОПЈЕ

за периодот од 2011/2015 година








Во училиштето се реализираат бројни активности во рамките на превенција на насилното однесување и тоа:
1. Обука на тим на лидери на Училиштето од редот на наставниот кадар;
2. Подготвена е Училишна ревизија за состојбите во училиштето во однос на:
Комуникацијата
Мотивацијата
Исправката и
Организацијата
За подрачјата:
- Сеопфатни училишни принципи и политика што се однесуваат на насилството
- Практики во училниците или на министерствата, практики на групите што се подучуваат
- Системи за подршка на персоналот
- Поединечни стратегии на ученици
- Системи за подршка на учениците
1. Поставени се основите на УЧИЛИШНАТА ПОЛИТИКА НА ООУ ,,Ј.Х.Песталоци“-Скопје, за превенција на насилното однесување во основното училиште;
2. Реализирани се Презентации за ,,Превенција на насилното однесување во основните училишта“ за наставниците, учениците и родителите;
3. Спроведено е истражување за состојбите во однос на насилното однесување во Училиштето со активно учество на наставниците,учениците и родителите во сите фази на истражувањето;
4. Ревидирање на состојбите во однос на насилното однесување во Училиштето е реализирано во секоја учебна година преку што се констатира континуирано подобрување на состојбите;
5. Во Училиштето, реализирана е Манифестација за промоција на програмата:
,,Превенција на насилното однесување во основното училиште“,
пред родители,ученици наставници,Директори на основни училишта во Општина Центар, претставници од голем број институции - УНИЦЕФ,Центар за социјални работи, Агенција за обезбедување, Општина Центар и Тимот на национални фасилитатори за Програмата во Република Македонија;
1. Статии за активностите на училиштето за ,,Превенција на насилното однесување во основното училиште“се објавени во весникот,,Метропола“ на Општина Центар и канцеларијата на УНИЦЕФ во вид на пишан и видео материјал;
2. Реализирани се активности за наставниците и учениците на тема:
- Учење и подучување – спроведување на правилата во практиката
- Учење и подучување групи
- Учење и подучување поединци
- Практики во училницата
1. Подготвени се Правила и процедури за превенција на насилното однесување;
2. Учениците од Училишната заедница активно учествуваат во процесот на подучување и решавање на конфликтите;
3. Се реализираат обуки на учениците за безбедност во училиштето во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Училишен тим за превенција на насилното однесување
Координатор:

Весна Шуркова - психолог