Стручни соработници

Ментално и емоционално здравје, прв дел.




На ден 31.10.2017 година членовите на Училишната заедница заедно со стручните соработници реализираa:

Работилница за: Ментално и емоционално здравје, прв дел
Водач на работилницата : Весна Шуркова – психолог,
Соработник: Виолета Крстевска Васиќ-педагог
Учесници: Ученици на Училишна заедница при ООУ,,Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје
Цел:
Отворање на темата училиште што го унапредува здравјето
Материјали:
- Што е здравје?,Што е здрава личност?, Што е здраво училиште?, Како може да се унапредува здравјето во училиштето?
Активности:
1. Што е здравје? Учесниците се делат во групи од 4-5 члена.Секоја група добива задача да ги запише на листот размислувањата за едно од долунаведените прашања.
- Што е здравје?,
- Штое здрава личност?,
- Што е здраво училиште?,
- Како може да се унапредува здравјето во училиштето?
Потоа секоја група го ротира своето прашање се додека повторно не дојде до првобитното прашање.Така да секоја група има можност да го прочита и да го дополни одговорот на прашањето. Потоа секоја група ги презентира размислувањата пред другите. По секоја презентација се дискутира за прашањето: Дали другите имаат нешто да дополнат?- Дали има спротивставени ставови? На крајот водачот се обидува да ги сумира и поентира ставовите на групата околу секое прашање,внимавјки дека секое мислење е важно и релевантно, дека нема точни и погрешни мислења. Потоа презентира за холистичкиот пристап кон здравјето и затоа како здравјето може да се унапредува.
Констатации: Учениците имаа можност да работат, да осознаваат,да разменуваат, да презентираат и да уживаат во една релаксирана и пријатна атмосфера.
Како рефлексија на самата работилница е фактот дека тие успеаја да ја дадат холистичката дефиниција за здравјето и како тоа може да се унапредува.
Учениците покажаа интерес истата работилница да ја реализираат во своите паралелки