Стручни соработници

Работилница од областа на сообраќајот




Во изминатиов период, во нашето училиште се реализираа активности од областа на сообраќајот и од областа на драмската уметност. Активноста од областа на сообраќајот се состоеше од два дела.

Првиот дел го сочинуваше работилницата на тема:„Правилата и обврските за пешаците како учесници во сообраќајот“. Во оваа работилница, учество земаа ученици од второ одделение.Едукацијата се одвиваше преку овие форми:
- Запознавање на учениците со професијата -Сообраќаен полицаец.
- Се одржа теоретско-инерактивно предавање во кое беа опфатени основните сообраќајни правила и прописи кои треба да ги применуваат децата на патот од дома кон училиштето.
- Беше проследен сообраќаен филм,прилагоден за возраста на децата.
- По прикажувањето на филмот се водеше разговор со децата за тоа што забележале и какви искуства стекнале од прикажаниот филм.

Вториот дел се состоеше од работилница на тема:„Правилата и обврските за пешаците и велосипедистите како учесници во сообраќајот.“ Во оваа работилница беа опфтени ученици од четврто одделение бидејќи во текот на годината ќе го исполнат законскиот услов да управуваат со велосипед со наполнети десет години. Едукацијата се одвиваше преку следните форми:
- Теоретско-интерактивно предавање за правилата,обврските и однесувањето на пешаците и велосипедистите во сообраќајот како и за последиците од непочитувањето на правилата.
- Решавање на замислени сообраќајни проблеми со користење на магнетна табла со нацртан сообраќаен полигон и магнетни сообраќајни знаци и фигури.