Стручни соработници

Ментално и емоционално здравје, втор дел Активно слушање и одговарање




На ден 28.11.2017 година членовите на Училишната заедница заедно со стручните соработници реализираa:
Работилница за: Ментално и емоционално здравје, втор дел
Активно слушање и одговарање
Водач на работилницата : Весна Шуркова – психолог,
Соработник:Виолета Крстевска Васиќ-педагог
Учесници: Ученици на Училишна заедница при ООУ,,Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје
Цел: Препознавање на елементите на активно слушање и одговарање

Активности: Учесниците се делат на двојки,потоа секоја двојка означува кој во двојката ќе биде А и Б.
Водачот дава инструкција : Разговарајте за нешто што го правите од забава,но кое многу ве интересира.
• На сите означени како А од двојките, кои се тргнати настрана им се објаснуваат инструкциите за слушање.Следете ги инструкциите додека го слушате вашиот партнер кога ќе зборува.Вашиот партнер не треба да знае за инструкциите.
• Нека почнат Б да зборуваат со А.
• По 3-4 минути,сите седнуваат и разговараат за тоа како Б се чувствувале кога биле слушани.
• Повторно во двојки, но сега Б добиваат инструкција за слушање.Потоа А зборуваат со Б.
• По 3-4 минути,сите седнуваат и А опишуваат за искуството и за чувствата за време на разговорот со Б.
• За да не преостаната негативни чувства, повторно се дозволува да разговараат во двојки, но сега и Б да слушаат активно.
Заклучок:
Учениците констатираа дека активното слушање кај соговорникот предизвикува пријатни чувства додека кога немаме активно слушање се предизвикуваат негативни чувства кои можат дури и да доведат до конфликт.
Позитивни чувства: среќен,задоволен,почитуван,значаен, важен.
Негативни чувства: тажен,лут, незадоволен, непочитуван, неважен.
Преку оваа работилница учениците имаа можност искуствено да поминат низ процесот и да ги идентификуваат сопствените чувства, но исто така и да ги осознаат однесувањата на личноста кога активно слуша и кога активно не слуша.
Однесувања карактеристични за активно слушање:
контакт со очи, сочувство – емпатичност,климање со главата, поставување на прашања кои се во врска со она за што се зборува, потврдни зборови,,аха“, ,,да“, ,,разбирам“.
Однесувања карактеристични за неактивно слушање:
Гледање наоколу по собата,упаѓање во збор со тема која нема врска со раскажуваното,прислушкување на разговорот на другите парови,потсмевање.
На работилницата присуствуваа дури по тројца претставници од паралелките вкупно 29 ученици 5-9одд.