Училишен информатор

Училишен информатор



Општи податоци за училиштето

ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје, е лоцирано во централното градско подрачје, на ул. „Апостол Гусларот“ бр.3 (општина Центар). Училиштето е изградено во 1969 г. како подарок на народот од Швајцарија по скопскиот земјотрес од 1963 г. Името го добива по швајцарскиот педагог Јохан Хајрих Песталоци, идејниот творец на современото училиште.

Во училиштето се организира настава со продолжен престој за учениците од првиот период за деветгодишното основно образование и со овие паралелки работат по два наставника. Воспитно-образовниот процес во продолжен престој се одвива во училиштето, а чантите со книгите се земаат дома само за викендите.

Во училиштето се организира и настава во една смена за учениците од првиот период од деветгодишното образование како и за учениците од IV одделение. За учениците од V-IX редовниот наставен процес се одвива во прва смена. Редовната настава започнува во 08:00 часот.

Училишна исхрана

Во училиштето се организира појадок и ручек за учениците кои посетуваат настава со продолжен престој. Храната за овие ученици се подготвува во училишната кујна по прописите и упатствата за исхрана на Заводот за домаќинство. За квалитетот и исправноста на храната гарантира понудувачот и училиштето, а тој е под редовен инспекциски надзор. Исхраната во училиштето е организирана по принципот на самофинансирање. Затоа, Ве молиме навремено да ги извршувате уплатите и тоа најдоцна до 10 во текоцниот месец. Појадокот трае од 08:00-09:00 часот, а ручекот од 11:00-12:00 часот.

Куќен ред на училиштето

- Учениците се должни да дојдат во училиште најдоцна 15 минути пред почетокот на наставта.
- За учениците од I-IV одд. Наставата се одвива од 08:00 – 15:10, а наставата за учениците од V – VIII одд. Од 08:00-13:25 часот.
- За учениците од продолжен престој, училиштето организира згрижување, со дежурен наставник во периодот од 16:00-17:00 часот.
- Помеѓу третиот и четвртиот час учениците имаат голем одмор, кој се користи за ужина и релаксација, и се одвива во училишниот двор и на игралиштето. Доколку временските услови се неповолни, учениците остануваат во училиштето, почитувајќи го редот и мирот во истото.
- За време на одморот во училиштето има дежурни наставници кои се грижат за почитувањето на редот и безбедноста на учениците. А дежурства обавуваат и ученици од VII одделение.
- Во училиштето постои и дневно обезбедување кое се грижи за почитување на редот и мирот како и безбедноста на учениците, како и постојан видео-надзор.
- По завршувањето на наставата, заради безбедноста на учениците од одделенска настава и избегнување на конфликтни ситуации, учениците од предметна настава ги напуштаат училишните простории и училишниот двор.

Етички кодекс
Етички кодекс на однесување

- Учениците се должни да одржуваат ред и мир во училиштето, ходниците, училниците и во училишниот двор.
- Во училиште да доаѓаат редовно и навреме.
- Да не изостануваат од настава освен со оправдани причини.
- Изостаноците треба да се оправдаат со медицинска белешка, а во исклучителни околности со писмена изјава од родител, според ЗОО.
- Почитувајте ги и поздравувајте ги наставниците и повозрасните.
- Бидете внимателни и активни на часовите.
- Редовно извршувајте ги училишните обврски.
- Барајте да бидете јавно оценувани и секогаш да ги знаете резултатите од својот труд.
- Активно учествувајте во секциите за слободни ученички активности кои ќе ги задоволат вашите желби и интереси.
- Бидете вредни – вашиот труд ќе биде награден.
- Редовно одржувајте ја личната хигиена.
- Редовно одржувајте ја хигиената во училиштето.
- Чувајте го училишниот мебел, не уништувајте ги ѕидовите, не пишувајте по нив.
- Отпадоците фрлајте ги во корпа која е наменета за тоа.
- Кога сте дежурни, подгответе чиста табла, сунѓер и креда.
- Проверете ја училницата за време на одморите.
- Разубавете ја вашата училница со ваши изработки, со слики и цвеќиња.

Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем

Главната цел на Програмата е успешно спорведување на теоријата во дневната пракса во воспитно-образовните институции со што би се влијаело на подигање на еколошката свест кај сегашните и идните генерации, на одржлив еколошки и финансиски развој и заштеди не само за училиштата, туку и на сите вклучени како што се општините, Министeрството за образование и пошироката јавност. За успешна реализација на Програмата која доведува до конкретни и мерливи резултати потребна е соработка и инволвирање на сите институции, невладини организации, медиуми и поединци кои се вклучени во воспитно- образовниот процес.

ЕКО училиште

Нашето Училиште е дел од Меѓународната мрежа на Еко училишта со цел да ја подигне свеста за заштита на животната средина и да направи ефективни промени во однесувањето преку едукација. ОХО беше координатор на оваа програма во Република Македонија. Програмата која ја подготви нашето Училиште ќе овозможува теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот. Бидете добри и искрени другари, помогнете им на другите секогаш кога сте во можност. Времето што го поминувате во училиште нека ви биде исполнето со многу сознанија и убаво другарување. Своето мислење и предлози со кои заеднички ќе го подобриме престојот во училиштето, доставете ги во сандачето наменето за тоа.

Примена на Икт-Информациски-комуникациска технологија во наставата?
Што сакаат наставниците да постигнат со примена на ИКТ во наставата?

- Да научат како да се движат низ www и интернет
- Да ги откријат безбројните ресурси корисни за секојдневната настава (да ги бараат, складираат, организираат и евалуираат информациите што ги наоѓаат)
- Да станат дел од глобалната заедница на едукатори кои комуницираат и соработуваат со помош на ИТ
- Да ја интегрираат технологијата во своите училници
- Да направат веб сајтови-лични, за својот предмет, за проектите кои ги работат

Што добиваат учениците со примена на ИКТ во наставата?

- Соработка со врсници од цел свет
- Размена на идеи и ставови
- Работа во група
- Социјални вештини
- Поврзување на своето знаење со реалниот свет
- Слобода да креираат, планираат, презентираат, дискутираат и да го бранат своето мислење и своите ставови
- Мотивација и интересна настава
- Кампањата „Сурфај безбедно“ треба да ја зајакне заштитата на децата од злоупотреби на интернет.

Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем

Главната цел на Програмата е успешно спорведување на теоријата во дневната пракса во воспитно-образовните институции со што би се влијаело на подигање на еколошката свест кај сегашните и идните генерации, на одржлив еколошки и финансиски развој и заштеди не само за училиштата, туку и на сите вклучени како што се општините, Министeрството за образование и пошироката јавност. За успешна реализација на Програмата која доведува до конкретни и мерливи резултати потребна е соработка и инволвирање на сите институции, невладини организации, медиуми и поединци кои се вклучени во воспитно- образовниот процес.

ЕКО училиште

Нашето Училиште е дел од Меѓународната мрежа на Еко училишта со цел да ја подигне свеста за заштита на животната средина и да направи ефективни промени во однесувањето преку едукација. ОХО беше координатор на оваа програма во Република Македонија. Програмата која ја подготви нашето Училиште ќе овозможува теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.

Потребни услови за Еко училиште

- Поддршка од директорот и наставничкиот колегиум.
- Инволвираност на ученицитево демократскиот процес на носење одлуки и активности во секоја фаза од Програмата.
- Активно учество на училишниот персонал, родителите и пошироката заедница.
- Желба за акција и волја која ќе придонесе кон долгорочна и одржлива промена.
- Истрајност во работата.
- Следење на чекорите.

Услов за пријавување

Едно училиште може да се квалификува директно за наградата зелено знаме без предходно да ги помине бронзеното и сребреното ниво. Еден од проектите што мора да ги реализира е темата Отпад. Училиште кое има нечист двор, нечисти ходници и училници, не може да биде наградено со ниедно ниво. Изборот на училишта го врши комисија од 5 (пет) члена, а процесот на разгледувањето на апликацијата и посета на училиштата, траат најмногу два месеца. Обновување на сертификатот е на секои две години, а така ќе можеме да го задржиме статусот на Еко училиште. Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“- Скопје,на 13-ти октомври 2011г. официјално започна Кампањата „Здрава храна за детство без мана“, во организација на невладината ОХО под покровителство на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Ден на дрвото

Училишни проекти

- Штеди значи мисли математички
- Математиката е уметност, уметноста е математика
- Заштеда на енергија
- Собери ПЕТ за да добиеш 5
- ЕКО градина
- Глобално затоплување
- Стаклени гасови „Да не го налутиме
- Немо“

Ги одбележуваме:

16 ти Септемви Меѓународниот ден за заштита на озонскиот слој е потсетување за сите нас за важноста и заштита на целата животна средина, и за сите штетни влијанија и последици врз нашето здравје, кои што настануваат со неправилното третирање на неселектираниот отпад.

„Меѓународниот ден на водата“ (22- ри март), со цел зголемување на свеста меѓу населението за значењето на водата и потребата од рационално користење на истата. За таа цел, Училиштето како дел од Проектот „Штеди и рециклирај вода“ организира едукативен и интерактивен настан за учениците од IV-те одделенија, во просториите на училиштето.

ОДГЛЕДУВАЈ ДРВО – ПОМОГНИ И НА ПРИРОДАТА Светски „Ден на акција“ на кој ден беа организирани посебни активности како што и во училиштата и градинките од целиот свет се преземаат еколошки акции со цел создавање на поодржлив свет, а со испратените фотографии направивме интернационална промоција на активноста со поставување на истата на веб страната на светскиот „Ден на акција“. Повеќе ученици од нашето училиште дадоа своја идеја за логото на Еко-патролата. Конкурс „Светот на различностите“

Учество на„Шарени чадори" на предавање за Даун синдром кое се одржа на Филозофскиот факултет, УКИМ, во Скопје Доријан Длака настапи во Минск на Детскиот евросонг со песната „Жими овој фрак“,за која сам го напишал текстот и ја компонирал музиката, а аранжманот е на Дамир Имери.На 16 Јуниорска Балканска матетатичка олимпијада Васил Василев од VIII одделение освои сребро

Наставната година се одвива во рамките на 180 наставни денови. Зимскиот распуст за учениците, вообичаено се реализира во периодот од 31 декември до 19 јануари во согласност со календарот за учебната година, кој го потпишува Министерот за образование и наука.

Учениците ќе се придржуваат

- Да се залагаат за праведно и фер оценување на сите ученици и да се спротивстават на појави кои доведуваат до необјективно оценување.
- Да ги почитуваат барањата и договорените процедури во врска со оценувањето и да се информираат за последиците од нивното непочитување.
- Да се поставуваат неприфатливи барања во врска со оценувањето на нивните постигања.
- Да ги почитуваат советите на наставниците поврзани со оценувањето и учењето.
- Да не се служат со недозволени постапки во текот на презентирањето на бараните знаења и вештини и да одбегнуваат и да одбегнуваат да вршат какво било влијание непосредно или посредно со цел некој ученик да се здобие со повисока оценка од реално заслужената.

Родителите ќе се придржуваат

- Да го подржуваат учењето на своите деца преку залагање за објективно оценување.
- Да се воздржат од активности кои неоправдано би ги довеле нивните деца во привилегирана положба во оценувањето во однос на другите деца.
- Да ги почитуваат професионалните одлуки и совети на наставниците во врска со оценувањето на нивните деца.
- Кај своите деца – ученици да поттикнуваат чесност и праведност во врска со оценувањето на постигањата на учениците.
- Кај своите деца да ги препознаваат и спречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добијат поповолна оцена од објективно утврдената.

Наставниците ќе се придржуваат

- Да бидат непристрасни, објективни, позитивни, отворени и подготвени да им дадат подршка и помош на учениците во процесот на оценувањето.
- Со своето однесување во процесот на оцнувањето да промовираат високи морални вредности и да бидат пример за учениците.
- Да ја избегнуваат секоја ситуација што може да претставува конфликт на интереси, непристрасно и непринципиелно однесување во процесот на оценување.
- Да одбијат секаков вид на интервенција или поткуп понуден со цел да дадат оценка различна од заслужената.
- Да се спротивстават на неетичко однесување на други субјекти во оценувањето: ученици, родители, колеги.
- Во процесот на оценувањето да ја почитуваат личноста на ученикот и на неговите родители.
- Да водат грижа за приватноста на ученикот и сознанијата за неговото учење да не ги споделуваат со лица кои не се дел од процесот на наставата.
- Да соработуваат со колегите со цел да се подобри оценувањето. При оценувањето да не прават дискриминација на учениците по која било основа – национална, верска, полова, расна и социјална.
- Наставниците се обврзуваат да ги применуваат стандардите за оценување, согласно законските одредби за деветгодишно основно образование

Видови педагошки мерки
Пофалби и награди

Со пофалбите и наградите се стимулира развојот на позитивните особини кај учениците, се јакне самодовербата во сопствените можности и се дава признание за постигнатите успеси во воспитно-образовната дејност.
Пофалби и награди се доделуваат на ученик, група ученици, ученичка секција, екипа и паралелка во текот и на крајот на учебната година.
Писмените пофалби се даваат во вид на дипломи, пофалници и признанија.

Укори и казни

- Педагошките мерки во основното училиште се применуваат за учениците кои не ги почитуваат правилата на однесување на училиштето, а со цел да се постигне чувство на одговорност и спречување на негативни појави.
- Педагошките мерки се применуваат индивидуално и се темелат на објективност, праведност и педагошка и педагошка одговорност.
- Пред изрекување на педагошката мерка следи разговор со ученикот и родителот/старателот.
- Разговорот може да го води раководителот на паралеката, одделенскиот наставник, предметниот наставник, стручните соработници, а по потреба и Директорот.

Педагошки мерки

- Усна опомена
- Писмена опомена
- Укор (неодобрување на постапката)
- Намалување на поведението
- Преместување на ученикот во друга паралелка, друго училиште.

Соработка меѓу родителите и училиштето

Со цел да бидете редовно информирани за напредокот на Вашите деца, во текот на годината Ви ги предлагаме следните форми на соработка.

Родителски средби на ниво на паралелка

Овие средби се планираат од страна на одделенскиот раководител. Вообичаено е да се одржуваат четири средби во текот на годината и тоа во: септември, ноември, март и јуни. По потреба одделенскиот раководител може да закаже вонредни средби за решавање на некои заеднички проблеми.

Индивидуални средби со одделенскиот раководител

Овие средби се остваруваат на приемни денови определени од одделенскиот раководител.

Индивидуални средби со предметните наставници

Средбите на родителите со предметните наставници се остваруваат во термините кои ги имаат определено наставниците и се истакнати на соодветните кабинети. Во училиштето се организираат средби со сите наставници и тоа „Отворен ден“ – еден ден во месецот кој однапред го одредува училиштето.

Средби со стручните соработници на училиштето

Оваа соработка се остварува со родителите и учениците во текот на сите работни денови на училиштето. Стручните соработници во конкретни случаи одредуваат термини за средба со родителите во договор со раководителот на паралелката и навремено информирање на родителот.

Средни со Директорот на училиштето

Родителите кои имаат потреба од контакти со Директорот на училиштето истите можат да ги остварат во последниот вторник од тековниот месец. Секако не се исклучуваат и секојдневните контакти по одредена проблематика по претходно најавување.