Училишна секција

Биологија

Посета на Природно научниот музеј-Скопје по повод тематската изложба „Чудесниот свет на пајаците“

На 06.11.2015 година (петок) , учениците од осмо одделение, согласно Планот и програмата по предметот Биологија , беа во посета на Природно-научниот музеј-Скопје по повод организираната тематска изложба „Чудесниот свет на пајаците“. Целта на посетата е пред се воспитно-образовна , односно учениците да се запознаат со биологијата на пајаците , скорпиите и на другите сродни без’рбетници. Нивните детални описи , фотографии и информативните паноа овозможија да се научи повеќе за животот на овие суштества и нивното значење во природата. Исто така, една од целите беше да се надмине стравот и аверзијата кои постојат кај учениците од овие суштества , во што помогна непосредниот контакт со живите примероци во стаклените терариуми. И секако, мора да се земе в предвид позитивната улога која оваа тематска изложба може да ја одигра како еден вид надгледно средство во воспитно-образовниот процес.

Откако заврши разгледувањето на тематската изложба, учениците преминаа во делот од музејот каде што се изложени постојаните изложби од : минерали и карпи , фосили , растенија , без’рбетници , инсекти , водоземци , влечуги , риби , птици и цицачи. При разгледувањето на преку 3500 оргинални експонати од територијата на Република Македонија самите ученици беа успешно водени од едукаторот и предметниот наставник со детални описи за експонатите и исцрпни одговори на сите поставени прашања од страна на децата.

Со самата посета се заокружи успешно една целина од материјалот, „ Класификација на животните и нивното именување “, и учениците се стекнаа со познавање за богатиот свет на флората и фауната во нашата држава.