Воннаставни активности

Воннаставни активности




Воннаставни активности на Активот по македонски јазик и учениците

од ООУ„Ј.Х.Песталоци“-Скопје 2015/2016 г.

Учество на литературени,конкурси Ученик Одделение Време на реализација Ментор
Денот на таткото-организаторСОЖМ Сара Јагликовска VI2 4.10.2015 Ана Георгиева
Евгенија Матеска VI2 4.10.2015 Ана Георгиева
Сара Исаковска IХ 2 4.10.2015 Снежана Велкова
Мила Блажева VI1 4.10.2015 Ана Георгиева
Симона Младеновиќ VII 2 4.10.2015 Ана Георгиева
Литературен
конкурс-Творам за Македонија.,Организатор-Фондација„Никола Кљусев“ на тема „Мојта иднина ја создавам
јас“
Матеј Ѓурчиновскаи VI 1 Октомври 2015 Ана Георгиева
Наталија Георгиева IХ 2 Октомври 2015 Снежана Велкова
Симона,Младеновиќ VII 2 Октомври 2015 Ана Георгиева
Литературен конкурс по
повод Денот на Општина Центар на тема„Центар – во срце те носам“
Наталија Георгиева IХ 2 15.10.2015 Снежана Велкова
Даријан Стевчевски VII 2 15.10.2015 Ана Георгиева
Александар Радуловски IХ 1 15.10.2015 Снежана Велкова
Јана Павлеска VIII 2 15.10.2015 Снежана Велкова
Сара Јагликовска VI2 15.10.2015 Ана Георгиева
Литературен конкурс на тема„Св. Климент-народен
просветител,духовник и проповедник“
Наталија Георгиева IX2 Ноември2015 Снежана Велкова

Наградени ученици од горенаведените литературни конкурси на кои учествуваа:
1. Сара Исаковска IX 2 одд за најдобра песна на конкурсот„Денот на таткото“- 4.10.2015 ментор-Снежана Велкова
2. Наталија Георгиевa IX 2 , наградена најдобра литературна творба на тема„Центар- во срце те носам“ ментор-Снежана Велкова


(НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ – ИСТОРИЈА)

ПОСЕТА НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ “ТУМБА – МАЏАРИ”

На 22 Октомври 2015 година учениците од шестите одделенија го посетија археолошкиот локалитет “Тумба Маџари”, каде што можеа одблиску да се запознаат со начинот на живот на луѓето во младото камено време (неолит), како и да ги продлабочат своите знаења за овој историски период.

Во Република Македонија има неколку археолошки предисториски локалитети достапни на јавноста според местоположбата. Овој локалитет се наоѓа во општината Гази Баба во Скопје кој по своите уметнички и естетски вредности на материјалната и духовна култура е веќе потврден во научните кругови. Учениците се запознаа со археолошките остатоци како што се керамичките жртвеници – модели на куќи од неолитот. Во населбата се прикажани копии од движен и недвижен инвентар за кој учениците стекнаа знаења за дел од секојдневниот живот на неолитскиот човек, кој живеел на територијата на Република Македонија. Останатите објекти, трло со макети на домашни животни, пчеларникот и сл. се дополнување на секојдневниот амбиент на нашите предци.

Учениците задоволни го напуштија локалитетот, со збогатени знаења и кај нив се продлабочи интересот за овој историски период, но и за историјата воопшто.


(НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ – ИСТОРИЈА)

ПОСЕТА НА “МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ”

На 17 Декември 2015 година учениците од деветите одделенија го посетија “Меморијалниот центар на Холокаустот”, каде што можеа да се запознаат со животот на евреите во предвоена Македонија, како и страдањата на македонските евреи во Холокаустот.

Холокауст (на хебрејски: השואה Ха-шоа) е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер. Од територијата на денешна Република Македонија биле депортирани преку 7 илјади евреи главно од градовите Штип, Битола и Скопје. Нивната крајна дестинација бил логорот на смртта Треблинка кој се наоѓал во окоупираните територии на Полска.

За време на посетата учениците ја разгледаа музејската поставка каде од страна на музејскиот водич детално им беше објаснето потеклото на македонските евреи, начинот на нивното доселување на територијата на Македонија, начинот на живот, културата и обичаите кои тие ги имале. За продлабочување на знаењата учениците проследија и краток документарен филм во кој беа опфатени сместувањето на евреите во скопскиот Монопол, како и нивното депортирање.

Учениците активно дискутираа и покажаа особен интерес за овој историски период. По напуштањето на Музејот се дискутираше со предметниот наставник по историја за сето она кое беше видено и се направи поврзување со материјалот изучуван на часовите по историја.


Страст за шах

Шахот е единствената игра во која физичките предиспозиции и возраста не се пресудни за финалниот исход на таблата со 64 квадратчиња. Констатација која ја потврдува и искуството на Михаела Зрмановска, двократниот државен првак во својата возрасна група, која често ги надмудрува и момчињата на шаховската табла

Љубопитноста за шаховската игра во Михаела Зрмановска (8) ја потикнал нејзиниот татко Дејан, кој пред три години и предложил да ја запише во шаховскиот клуб „Гамбит Ассеко“, понуда која Михаела ја прифатила со голем ентузијазам.

-Шахот ме привлекува, бидејќи сакам логички и друштвени игри, кои ми овозможуваат да го вклучам мозочето, открива младата шахистка.

За чиј талент во овој спорт доволно говорат и двете титули на државен првак во својата возрасна група, како и неодамнешното трето место, кое го освои на Државното првенство на основни училишта во шах, кое се одржа во Велес. Успех за кој таа вели: - Бев најмалата учесничка на првенството, каде што имав четири победи од пет одиграни партии.

Иако на последниот турнир, Михаела се натпреваруваше против девојчиња, од спротивната страна на шаховската табла, често за свои противници има и момчиња.

- И покрај тоа што нема девојчиња на моја возраст кои играат шах, не ми претставува проблем да вежбам постојано со момчињата, ни открива Михаела.

Дуели во кои се покажува како рамноправен противник, а доказ за тоа е и освоеното трето место на овогодинешното државно првенство, за време на кое се натпреваруваше против момчиња, кои иако се нејзините најбројни противници, не покажуваат различен пристап во својата игра со Михаела.

Поддршка од родителите

Поразите и тремата се составен дел од секој спорт, кои можат да претставуваат обесхрабрувачки фактор, особено кај младите спортисти. Но овие елементи не се проблем за младата шампионка, која и во поразите гледа можност за напредок на својата вештина.

- Од погрешно одиграни потези, можам и многу да научам. Трема до сега не сум имала, бидејќи секоја партија претставува предизвик за натамошен поголем успех, вели Михаела.

Во шаховската игра важна компонента е и способноста да се предвиди следниот потег на противникот.

Иако Зрмановска се уште ги прави првите посериозни чекори на натпреварувачката сцена, таа почнува да ја развива и оваа компонента од својата игра.

- Една од основните вештини во шахот е да се предвиди следниот потег на противникот како и неговата тактика за напад или одбрана. Овие вештини Михаела успешно ги совладува и ги применува за што многу придонесува начинот на водење на тренинзите во шаховскиот клуб „Гамбит Ассеко“ од страна на прекрасните наставници Орце Данчевски и Марјан Митков, кои се интернационални шаховски мајстори, ни откри нејзината мајка Маја.

Од своите родители Михаела ја добива и најголемата поддршка, а кога е во прашање тренингот надвор од клубот, за тоа е задолжен нејзиниот татко, со кого во својот дом неколку пати во неделата игра шах и ги анализираат одиграните партии.

Додека шаховските интернет платформи кои изминативе децении се популарни кај ентузијастите на оваа игра, не го задоволуваат спортскиот апетит на младата шахистка.

- Повеќе сакам да играм на реална шаховска табла, отколку на интернет, бидејќи постои директен контакт со противникот, наместо замислен противник. Но можеби во иднина ќе бидам поактивна и преку компјутерските шаховски игри, вели Михаела

Дружење преку шах

Минатата година во март Михаела требаше да земе учество во симултаните партии шах со поранешниот светски шампион Анатолиј Карпов во клубот “Гамбит Ассеко”, кој исто така требаше да го отвори турнирот “Опен Карпош 2013”, но за жал доаѓањето на Карпов беше откажано.

Приликата да се запознае со една од легендите на шахот, го покренува и прашањето дали Михаела има идол од шаховскиот свет.

- Михаела сеуште нема идол, освен што многу се радува кога ќе оствари победа против нејзиниот татко, ни откри нејзината мајка.

Желбата на младата шахистка е во иднина Македонија да ја претставува и на меѓународната сцена, како што самата вели:

- Се надевам дека ќе имам можност да играм на некој меѓународен шаховски натпревар како и на Европското првенство во шах за млади. При што додаде дека посакува што повеќе девојчиња да и се придружат во клубот, каде што ќе се дружат преку спорт кој го стимулира размислувањето.

http://www.teamoderna.com.mk/ns_article-strast-za-shah.nspx