Историјат на училиштето

Историјат на училиштето



По катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје на 26.07.1963 , со неговата обнова градот прерасна во град на солидарноста . Како дел од големата помош од сите земји во светот и како дел од швајцарската помош е реализиран проектот за изградба на О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Плацот за изградба на училиштето е доделен од страна на Советот на град Скопје.

Во 1964 г. Швајцарската влада му ја доверува изработката на објектот на училиштето на реномираниот светски архитект Алфред Рот.

На 05.09.1966 е потпишан договорот за изградба на училиштето и почната е неговата изградба.

Изведбата на објектот е доверена на градежната оператива на Г.П. Бетон Скопје.

По две години изградба на 12.01.1969 на роденденот на швајцарскиот педагог Јохан Хајнрих Песталоци чие име го носи училиштето , истото е свечено пуштено во употреба и ги отвара вратите за првите ученици . Самиот објект во тој период согласно распоредот на просториите одговара на нормите на Заводот за школство за изградба на секундарни училишни згради кои одговараат на швајцарските средни училишта . Училиште без коридори со двострано осветлени училници , а меѓу нив наредени ,,куќи со скали,, , популарни тогаш во Швајцарија за прв пат се појавува на овие простори токму во ова училиште.

Еден од влијателните класичари на германската педагогија во доцниот 18-ти и 19-ти век е швајцарскиот педагог и образовниот реформатор Јохан Хајнрих Песталоци (1746-1827). Она за што Песталоци се залагаше - атмосферата на љубов, прифаќање и почитување на потребите, можностите и интересите на детето, како основа за развој на здрава и остварена личност, и денес се основните цели и принципи, кои се стремат да се постигнат во образовниот процес.

Песталоци е прв пример на народниот наставник, кој го промовираше масовното образование - образование за сите деца, а особено се занимаваше со прашањата на сиромаштијата истакнувајќи ја важноста од просветлувањето во надминувањето на овие проблеми во светот. Во обид да се поттикне развојот на свеста за потребата од образованието за решавање на сиромашниот материјално, социјално запуштен и духовно непросветлен народ, тој отвораше многу институти, домови и училишта, од кои на училиштето во Yverdon беше кулминација на неговата педагошка работа која се зачувала 20 години.

Песталоци тргнува од сфаќањето дека главната цел на образованието треба да биде развојот на сите природни сили и способности на човекот кои придонесуваат во моралното остварување на самата личност. Тоа значи заемен развој на природните моќи на главата, срцето и раката, при што е физичкиот и интелектуалниот развој во функција на моралните сили на личноста и развој сила на "срцето". Резултат е хармонија на сите сили на личноста. Оваа хармонија постигната преку развојот на сите страни на личноста овозможува нивната поврзаност и Песталоци ја изедначува со љубовта. На овој начин, станува збор за воспитување и формално холистичко образование во љубовта, од љубов, за љубов.

Песталоци верува дека основната потреба за моралниот начин на живот можат да се најдат во природата на човекот . Секое дете се раѓа со природните можности и способности – само во неразвиена форма. Тие можат да се развијат, тие настојуваат да се развиваат, врз основа на внатрешните инстинкти. "Окото сака да види, увото сака да слушне, ногата сака да оди подалеку, а раката сака да фати". На истиот начин срцето сака да верува и да сака, умот сака да размислува .

Од фундаментално значење за здрав развој на личноста на детето од рана возраст, пред сѐ, односот на мајката и детето, односот на љубов и доверба, додека се развиваат основните морални чувства (љубов, доверба и благодарност). Семејното воспитување е многу важна основа на последователниот развој и образованието. Во училиштето исто така треба да се развива атмосфера на љубов, меѓусебна соработка и доверба меѓу наставниците и учениците. Според Песталоци, човекот ја развива својата хуманост само лице во лице, само со срцето кон срцето, на пример, само преку искуство кога детето е сакано, може да научи да сака. Образованието е секогаш личен процес, па затоа е најважна способноста и вештината на наставниците да бидат свесни за индивидуалноста на секое дете и на секоја од нив да се одговори со љубов.

Песталоци верува дека моралниот развој на детето се постигнува во едно основно расположение или атмосфера. Тоа е состојба на внатрешен мир и сталоженост, од една страна се развива со исполнување на потребите на детето (но тоа не мора да значи исполнување на нивните желби), од друга страна, со самата смиреност и сталоженост на наставниците со кои тие зрачат. Во своето последно големо дело "Лебедова песна" ( 1826 ), Песталоци вели, дека природата на човечноста се развива само во сталоженоста и во атмосфера на прифаќање од страна на другите. Немирот е по своја природа резултат на сензорна болка или сензорна желба, последица на себичноста во животот на детето, емоционално студенило. Само во средината во која се поттикнува љубов, прифаќање и почитување на секој човек, "моралното расположение" се вградува и развива во душата на детето. Во таквата средина детето ќе биде подготвено да споделува со другите, да им помага на другите, да дава љубов на другите. Така се развива "силата на срцето".

На овој начин се развива природната послушност на детето. Оваа послушност нема никаква врска со казнувањето, контролата, наспроти тоа е основа на слободата. Таквата послушност подразбира способност да се покорува со својата совест, како и ослободеност од сопствената себичноста и своите инстинкти. Детето за прв пат осознава за почитувањето од своите наставници и низ искуството на послушност кон нив. Најпрво е тоа пасивна послушност која бара да се причека или да се биде во можност да се причека, а во подоцнежниот, активен облик да се почитува волјата на наставникот. Послушноста, сепак, може да се развива само доколку наставникот во својата цврстина и авторитет вградува љубов. Ако наставникот се однесува на овој начин, детето нема да се чувствува присилуван или повреден од барањата за послушност, туку ја прифаќа како важност за она што тој го учи. Моралното однесување врз основа на послушност е по добивање на љубов и прифаќање, е вториот чекор во развојот на морална личност на човекот. Третиот и последен чекор е да се направи разлика помеѓу поимот морал, како размислување и како зборување за моралот. Значи, детето прво треба да се почувствува морален живот (срцето), тогаш би требало да прави добро (рака) и на крајот би требало да размислува за моралот ( главата).

Од ова, произлегуваат основните принципи на образовниот процес како и цел и организацијата на наставата во образовните институции. Основа на образованието е развој и образованието на умот, срцето и раката. Образованието треба да почне од полесното кон потешкото, од едноставни, конкретни елементи до поапстрактни поими, постепено кон нивото на развојот на децата. Учењето започнува со набљудување, се движи од нејасни сензорни перцепции, импресиите кои нашиот ум постепено го соединува до единство, односно поим, и само со анализа на поимите стануваме свесни за самите впечатоци. Така образованието почнувајќи од сензорното образование, продолжува со развојот на свеста, за конечно да се изрази преку говорот, цртањето, мерењето, пишувањето, зборувањето, броењето и сметањето. Значи, стекнатото знаење преку сетилата претходи на мислењето, и тоа треба да биде постепено, да има ред и точност во сите согледувања, при што се следи индивидуалниот развој на секое дете, во согласност со неговото темпо, неговите потреби и интереси, да им даде доволно време целосно да го совладаат и усовршат она што го учат.

Содржината на наставата во училиштето во Yverdon Се предаваше математика (пресметување и алгебра), мајчин јазик, религија, географија, историја, природните науки (физика, хемија, ботаниката, зоологија), гимнастика. За време на часовите учениците биле поделени во групи, а оние кои покажуваа исклучителна вештина или знаење им помагале на другите ученици во паралелката, со што се зајакнувала меѓусебната соработка, поддршка и дружење. Во одредени периоди од денот децата имаа слободни активности и самостојно учење. Покрај постепеното стекнување на знаења и вештини, важен принцип во образованието е нагледност на наставни помагала, како и физичка активност на учениците во учењето и сознавањето. Организираните прошетки во природата станале важен дел на училиштето на Песталоци. Тие траеле и по неколку недели, а се одело до Алпите и до соседните земји. Пред прошетката, се читале мапи, се учело за историските места кои ќе се посетат и се подготвувала опремата потребна за патување. Надвор се набљудувале растенија и животни кои се изучувале и се цртале. Како важен елемент во наставата, Песталоци ги сметал градинарството и домашните работи. Учениците учеле како да ги користат алатките, помагаа во правењето часовници, плетењето, укоричувањето на книгите.

Мислата и делото на Песталоци оставиле значајно влијание врз воспитно-образовниот процес, неговите идеи и методи на работа сѐ уште се високо почитувани и ценети и имаат влијание врз современото образование. Истакнувањето на сеопфатната едукација на поединците, почитувањето и доведувањето во хармонија интелектуалниот, емоционалниот, моралниот и физичкиот развој на личноста како главна цел на образованието, важни се мисли и пораки до нас, кои нѝ ги упати учен и почитуван филозоф и учител.

Поттикнувањето на сензорниот развој и образованието во развојот на умот, исто така е една од важните насоки во образовниот процес, кои различните области на современото образование го истакнуваат. Во своите образовни институции ставаше акцент на развој, а не на акумулацијата и стекнување на знаење. А она што е можеби најважно, го привлече вниманието на суштински важната личност која воспитува и образува.Toа е личност која ја поседува највисоката морална доблест и која самата се стреми понатаму да се развива и подобрува. Довербата може да се развива само ако наставникот ја покажува довербата во детето.

Почитта на животот, вербата, љубовта за сите живи суштества - сѐ може да се донесе во окото на детето, ако тоа чувство е вградено во ставовите на возрасните. Од оваа причина, пишуваше Песталоци, внатрешниот живот на оној кој воспитува и образува е клучна за моралниот развој на детето.

Она што живее во срцата на родителите и наставниците ги покренува вибрациите соодветни на акордите во душата на детето. Песталоци ја нагласи важноста од создавањето на здрави односи меѓу наставниците и децата, како и создавање на средина која ќе им овозможи не само развој на интелектот, но уште поважно, емоционален и морален развој на личноста. Атмосферата на љубов, прифаќање и почитување на потребите, можностите и интересите на детето, како основа за развој на здрава, остварена личност денес се главните цели и принципи, кои се стремат да се постигнат во образовниот процес.